Архивски број | Тип на барање | Категорија | Датум на поднесување | Поднесено од | Пол | Статус на барање | Датум одговорено | Прашање: | Одговор: | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Архивски број | Тип на барање | Категорија | Датум на поднесување | Поднесено од | Пол | Статус на барање | Датум одговорено | Прашање: | Одговор: | |
R24_11/646 | Прашање | Друго | 06.11.2024 | Мартин Стојоски | Машки | Одговорено | 06.11.2024 | Почитувани , Се обраќам до Министерството за образование и наука со молба за информации и евентуално ослободување од партиципацијата за сместување во студентски дом, иако се поминати роковите за поднесување на приговори и е изминато доста време од објавувањето на резултатите. Поради одредени лични и финансиски околности, кои не беа предвидени во времето кога се објавија резултатите, сега сум во ситуација која ме принудува да побарам поддршка и олеснување на трошоците. Би ве замолил за информации за тоа дали постои можност да се разгледа моето барање за ослободување од партиципација и какви би биле можните чекори и документи кои би требало да ги доставам доколку ова е можно. Ви благодарам однапред за времето и вниманието кое ќе Со почит, Студент: Мартин Стојоски |
Почитувани, Ви благодариме на Вашата порака. Вашето барање во однос на ослободување од партиципација за сместување во студентски дом, Ве молиме да го испратите до надлежниот сектор односно "Сектор за ученички и студентски стандард" (xhemile.lamallari@mon.gov.mk и lidija.mihajlovska@mon.gov.mk). Со почит |
|
R24_10/644 | Предлог | Градежни активности на објекти за основно образование | 18.10.2024 | Машки | Одговорено | 18.10.2024 | Izgradba na Sportska Sala | Почитувани, изградбите на спортски сали се реализираат во рамки на друг проект, односно проект за избрадба и опремаување на 145 спортски сали во рамки на Министерството за образование и наука. Со оглед на тоа дека од поставеното прашање не е јасно за кое училиште станува збор и што конкретно се бара, ве молиме да контактирате со проектната единица за изградба на спортски сали директно, односно на следната адреса: vulnet.saliu@mon.gov.mk. Со почит | ||
R24_10/643 | Прашање | Проекти и услуги за основно образование | 18.10.2024 | Тони Ставрески | Машки | Одговорено | 18.10.2024 | Од кој датум ќе може да аплицираат основните училишта. | Почитувани, доколку прашањето се однесува на аплицирање за грант-програмата, јавниот повик е објавен на веб-страната на МОН и краен рок за аплицирање е 1 ноември 2024 година. За подетални информации, обратете се на лицето за контакт Милица Мојсоска - координатор на програмата за доделување грантови, телефонски број 02/3 112 705, електронска адреса: milica.mojsoska@mon.gov.mk. Со почит | |
R24_10/642 | Прашање | Проекти и услуги за основно образование | 18.10.2024 | Фруска Стојанова | Женски | Одговорено | 18.10.2024 | Јас сум Фруска Стојанова вработена на работно место педагог во ООУ„Димката Ангелов Габерот“с.Ваташа Кавадарци и заедно со стручниот тим за работа сакаме да аплицира на Грант - програмата за унапредување на квалитетот на работа на основните училишта. Во развојната програма за работа 2022/2026 година, која е изработена по новите индикатори за квалитетна настава, имаме ставено развојна цел опремување на просторија во сензорна соба и истото би ни било и цел на проектот. При изработка на Развојната програма ги следевме препораките од самоевалуацијата која не е согласно ревидираните индикатори за квалитет на училиштата. Дали може извештајот од самоевалуација да го престуктуираме и да го дополниме со податоци кои се однесуваат на новите индикатори за квалитет или е потребно целосно нова самоевалуација? На обуката не не информираа дека за апликација на грант е потребно нова самоевалуација, туку само развојна програма по новите идикатори. Ви благодариме однапред, | Почитувани, согласно јавниот повик за грантови, еден од условите за учество на јавно основно училиште во грант-програмата е училиштето да ја има завршено училишната самоевалуација во согласност со новата рамка на индикатори, што значи дека вашето училиште треба да спроведе нова самоевалуација за да може да аплицирате за грант. Со почит | |
R24_10/641 | Предлог | Градежни активности на објекти за основно образование | 18.10.2024 | Драган Николовски | Машки | Одговорено | 18.10.2024 | Предлог да во рамките на проектните активности на Проектот за унапредување на основното образование се направи анализа на акустичните карактеристики на училниците во објектите на основно образование каде се одвива наставата. На основ на оваа анализа би можело да се изведе проектна-програмска активност за акустичка обработка на училниците со цел да се подобрат акустичките карактеристики со цел да може да се подобри самиот образовен процес. пример за добра акустичка обработка на училници е ООУ „Киро Глигоров“ - Центар, ООУ „Александар Македонски“ - Аеродром и други. Моја проценета вредност на активности за акустичка обработка по училница е околу 800-1500 евра. Со почит | Почитувани, ви благодариме за предлогот да се направи анализа на акустичните карактеристики на училниците во објектите на основно образование. Со оглед на тоа дека проектните активности на Проектот за унапредување на основното образование се утврдени пред започнување на овој проект (пред 2021 година) со заедничка соработка на Светска банка, Министерството за образование и наука, Министерството за финансии, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и Државниот просветен инспекторат, во оваа фаза од имплементација на проектот не сме во можност да вклучиме нови активности. Секако, предлогот ќе биде земен предвид од страна на Министерството за образование и наука при подготовка на други идни проекти од областа на основното образование. Со почит | |
R24_10/640 | Предлог | Проекти и услуги за основно образование | 18.10.2024 | Еркин Ајроски- ООУ,,Ристе Ристески,,с.Д.Косоврасти-Дебар | Машки | Одговорено | 18.10.2024 | Poradi zastarenost i vo mal broj na kompjuteri sto gi poseduva naseto ucilisto nastavnikot po infotmatika ne e vo moznost vo celost da e realizira nastavnata programa. Poradi toa vo korist ni e opremuvanje na kabinetska nastava za potrebite na ucenicite po predmetot Informatika. | Почитувани, доколку имате спроведено самоевалуација и изработено развојна програма согласно новата рамка на индикатори за евалуација на квалитетот на училиштата, може да аплицирате за грант, со кој би ги реализирале наведените активности. Јавниот повик е објавен на веб-страната на МОН, а краен рок за аплицирање е 1 ноември 2024 година. За подетални информации, обратете се на лицето за контакт Милица Мојсоска - координатор на програмата за доделување грантови, телефонски број 02/3 112 705, електронска адреса: milica.mojsoska@mon.gov.mk. Со почит | |
R24_09/638 | Коментар | Проекти и услуги за основно образование | 26.09.2024 | Маја Буклеска | Женски | Одговорено | 30.09.2024 | Почитувани, Се извинувам за поднесениот коментар претходно, на погрешно место е пратен, на погрешен линк. Благодарам | Почитувани, Ви благодариме на Вашата порака. | |
R24_09/637 | Коментар | Проекти и услуги за основно образование | 26.09.2024 | Maja Буклеска | Женски | Одговорено | 30.09.2024 | Почитувана Министерке за образование и наука професор доктор Весна Јаневска, Со ова официјално барање се обраќаме до Вас во име на ООУ „Александар Македонски“ Општина Аеродром, во врска со обезбедувањето на финансиски средства за вработување на две лица технички персонал-хигиеничар во нашето училиште. Училиштето во моментов има 700 ученици и 65 вработени, располага со три спрата и внатрешна површина од 5100 квадратни метри, дополнета со училишен двор. Иако имаме четири хигиеничарки, еден хаусмајстор и еден домаќин, согласно систематизацијата, потребни се десет лица технички персонал-хигиеничар за да се одржи високо ниво на хигиена. Истите овие четири лица имаат за одржување на хигиената 12 тоалети, 10 канцеларии, 26 училници, библиотека, наставничка канцеларија, ходници на три спрата, фискултурна сала, училишен двор. Загриженоста за малиот број на лица кои ја одржуваат хигиената во училиштето е голема. Поради недостаток на персонал, немаме можност за организирање на смени, што создава проблеми особено кога некој од технички персонал-хигиеничар оди на боледување. Оваа учебна година, училиштето работи со променета организација на смени, во која втората смена вклучува три паралелки одделенска настава, што дополнително ја зголемува потребата за одржување на хигиената и зголемен е бројот на училници за одржување. Со оглед на наведеното, Ве молиме да ја разгледате можноста за одобрување на финансиски средства за вработување на две лица технички персонал-хигиеничар, што ќе овозможи подобрување на условите за работа, здрава, чиста и безбедна средина во нашето училиште. На хигиената во училиштата не треба да се штеди. Во сектор образование имаме испратено МФ табела со барање за одобрување на ново финансирање. Благодариме на Вашето разбирање, во очекување сме на Вашиот одговор. Искрено верувам дека ќе имате разбирање и брзо решение за состојбата со малиот број на технички персонал во ООУ „Александар Македонски“-Општина Аеродром. Со почит, Maja Буклеска Директор ООУ „Александар Македонски“ Општина Аеродром ул. „Благој Попов“ бр.4 1 000 Скопје |
Почитувани, Ви благодариме на Вашата порака. Вашите барања по однос на потребните вработувања во училиштата потребно е да ги испратите до надлежните служби за вработувања во училиштата. Проектот за унапредување на основното образование нема надлежност по однос на овие прашања. Со почит |
|
R23_06/628 | Жалба | Проекти и услуги за основно образование | 13.06.2023 | Женски | Одговорено | 21.06.2023 | Почитувани, јас администраторот на ООУ Владо Тасевски во името на целиот колектив наставници во училиштето сакам да се пожалам за проблеми и попреченост во работата со Е ДНЕВНИКОТ. Наставниците неможат да го користат е дневникот и неможат да ги исполнат нивните редовни обврски што ги имаат во овој период(како што се внесување оценки и слично) на крај од учебната година(2022/2023) Ве замолувам да превземете мерки и да се обезбеди пристап за да можат да ги завршат работните обврски бидејќи се ограничени со рокови до кога треба да ја завршат работата(да ги внесат и заклучат оценките на нивните ученици) Однапред ви благодарам и очекувам брзо решавање на проблемот. Срдечен поздрав | Почитувани, Ви благодариме на Вашата порака. И покрај тоа што работата со Е-Дневник не е проектна активност, Вашата порака е проследенa до надлежните лица. Би сакале да ве известиме дека за сите активности поврзани со Е-Дневник потребно е да се обратите на маил-от ednevnik@ednevnik.edu.mk. Со почит | ||
R21_11/156 | Жалба | Градежни активности на објекти за основно образование | 13.04.2022 | Љилјана Стамкова, ООУ-Ристо Шуклев с.Негорци | Женски | Одговорено | 29.04.2022 | Предавам од V до IX одд. и тоа Предметите: Биологија,Хемија и природни науки.Имам училница. Работам во ова училиште 26 години и досега никогаш не била опремена мојата училница.Се снаоѓам сама со нагледност. Училишето има околу 200 до 250 ученици Почитувана Маја како одговорна за проектот ве контактирав телефонски и откако не ве добив решив да ви се обратам со мејл. Запознаена сум со проектот за опремување на основните училишта и иако не добив конкретни одговори од Директорот на училиштето Жаклина Линкова и Билјана Арџанлиева вработена во општина Гевгелија. Моите прашања се зошто во училиштата во градот училниците се опремени со нагледни средства(слушнав) и кабинетите по Хемија се опремени со инвентар( видов ). Добив одговор дека дистрибуцијата по училишта е директно од Скопје и тие не знаат ништо и само чекаат. Од она што случајно го дознав училиштата се категоризирани според број на ученици и согласно со тоа се распределува опремувањето. Јас приговарам како може да ги делите(дискриминирате) учениците зарем сите ученици не се исти и не треба под еднакви услови да учат во училиштата. Учениците и самите ги гледаат училниците во градот и нивните во селото па со право и тие реагираат и се револтирани. Би сакала ако сте во мозност да ме известите што точно треба да добие моето училиште и јас како наставник да знам што е тоа што треба да го добијам како наставник по три предмети. Ве поздравувам и се надевам ќе ми одговорите во најкраток можен рок. | Почитувани, Ви благодариме на Вашата порака. Со оглед на тоа што опремувањето со мебел за кабинетите по природни науки е проектна активност, а не е редовна инвестиција од страна на Министерството за образование и наука, средствата се ограничени, а распределбата е условена со конкретни проектни цели утврдени меѓу Светска Банка и МОН. Од тие причини, не бевме во можност да извршиме набавка на мебел за сите училишта во државата во оваа фаза. Во текот на наредниот 4 годишен период во кој ќе се спроведува овој проект, доколку има заштеди од други проектни активности повторно ќе ја разгледаме можноста за опремување на дополнителни училишта (училници). | |
R21_11/152 | Предлог | Градежни активности на објекти за основно образование | 16.12.2021 | Машки | Одговорено | 27.12.2021 | Почитувани Би ви предложил да ја разгледате неопходната потреба за акустична обработка на училниците во основните училишта. Имено огромен број на постојни училници во основните училишта при изградбатае „заборавена“ е акустичната обработка на истите поради што е многу лошо се пренесува говорот на професорите и наставниците како и учениците со многу непотребни дополнителни звукови и акустични пречки. Како одличен пример за акустична обработка на училниците е ООУ Киро Глигоров во општина Центар Се надевам дека овој предлог ќе придонесе за унапредување на целите на проектот и бенефитите од истиот Со почит | Почитувани, Ви благодариме на доставениот предлог. Со оглед на тоа што реновирањето и рехабилитацијата на основните училишта е проектна активност, а не е редовна инвестиција од страна на Министерството за образование и наука, средствата се ограничени, а приоритет утврден со конкретни проектни цели утврдени меѓу Светска Банка и МОН е реновирање на тоалети и поставување на пристапни рампи. Со почит | ||
R21_11/151 | Предлог | Градежни активности на објекти за основно образование | 26.11.2021 | Sabit Uzairi | Машки | Одговорено | 09.12.2021 | Од ООУ „ Реџеп Вока „ с.Шипковица Тетово, ние како училиште се уште не сме добиле ниту една информација во врска со кабинетите за природни науки.Ниту за мебел ниту за нагледни средства .Молам за помош. Со почит | Почитувани, Ви благодариме на укажувањето и на присуството на јавната консултација по однос на опремување на кабинети по природни науки. Сите потребни информации кои претходно беа доставени до општина Тетово, повторно Ви беа испратени по завршување на јавната консултација на 26/11/2021 год. Со почит | |
R21_11/150 | Предлог | Градежни активности на објекти за основно образование | 26.11.2021 | ООУ,,Кочо Рацин,,Скопје Центар | Женски | Одговорено | 09.12.2021 | Почитувани, Нашето основно училиште ООУ,,Кочо Рацин,,Скопје -Центар имаме добиено мебел за опремување на кабинетот за Природни науки,но бројнаста на мебелот (столчиња и клупи) не се совпаѓа со бројот на ученици во паралеките. Имено, имаме паралелки со по 31 ученик. Ни недостасуваат 7 столчиња ,3 клупи и садопер. | Почитувани, Опремувањето на кабинетите по природни науки е се уште во тек и се планира да заврши до крајот на 2021 год. Во оваа фаза немаме можност за дополнителни испораки. Сите дополнителни потреби на училиштата ќе бидат земени предвид при планирање на наредни активности во рамки на овој проект и во рамки на расположливиот буџет. Со почит | |
R21_11/149 | Предлог | Градежни активности на објекти за основно образование | 09.12.2021 | Florije Qerimi | Женски | Одговорено | 09.12.2021 | Во нашето училиште сакаме да градиме 2 училници за потребите на училиштето за развивање на кабинетска настава | Почитувани, Министерството за образование и наука ја подржува секоја иницијатива за инвестиции во подобрување на училишната инфраструктура. Бидејќи во рамките на проектот за унапредување на основното образование се планирани само помали реновирања на училиштата, Ви посочуваме дека по однос на доградба треба да контактирате со надлежната општина, а доколку општината нема можност за инвестиции, може да се обратите до одделението за капитални инвестиции во Министерството за образование и наука (контакт лице Весна Васиќ- vesna.vasik@mon.gov.mk). Со почит |