|
R23_06/628 |
Жалба |
Проекти и услуги за основно образование |
13.06.2023 |
|
Женски |
Одговорено |
21.06.2023 |
Почитувани, јас администраторот на ООУ Владо Тасевски во името на целиот колектив наставници во училиштето сакам да се пожалам за проблеми и попреченост во работата со Е ДНЕВНИКОТ. Наставниците неможат да го користат е дневникот и неможат да ги исполнат нивните редовни обврски што ги имаат во овој период(како што се внесување оценки и слично) на крај од учебната година(2022/2023) Ве замолувам да превземете мерки и да се обезбеди пристап за да можат да ги завршат работните обврски бидејќи се ограничени со рокови до кога треба да ја завршат работата(да ги внесат и заклучат оценките на нивните ученици) Однапред ви благодарам и очекувам брзо решавање на проблемот. Срдечен поздрав |
Почитувани, Ви благодариме на Вашата порака. И покрај тоа што работата со Е-Дневник не е проектна активност, Вашата порака е проследенa до надлежните лица. Би сакале да ве известиме дека за сите активности поврзани со Е-Дневник потребно е да се обратите на маил-от ednevnik@ednevnik.edu.mk. Со почит |
|
R21_11/156 |
Жалба |
Градежни активности на објекти за основно образование |
13.04.2022 |
Љилјана Стамкова, ООУ-Ристо Шуклев с.Негорци |
Женски |
Одговорено |
29.04.2022 |
Предавам од V до IX одд. и тоа Предметите: Биологија,Хемија и природни науки.Имам училница.
Работам во ова училиште 26 години и досега никогаш не била опремена мојата училница.Се снаоѓам сама со нагледност.
Училишето има околу 200 до 250 ученици
Почитувана Маја како одговорна за проектот ве контактирав телефонски и откако не ве добив решив да ви се обратам со мејл.
Запознаена сум со проектот за опремување на основните училишта и иако не добив конкретни одговори од Директорот на училиштето Жаклина Линкова и Билјана Арџанлиева вработена во општина Гевгелија.
Моите прашања се зошто во училиштата во градот училниците се опремени со нагледни средства(слушнав) и кабинетите по Хемија се опремени со инвентар( видов ).
Добив одговор дека дистрибуцијата по училишта е директно од Скопје и тие не знаат ништо и само чекаат.
Од она што случајно го дознав училиштата се категоризирани според број на ученици и согласно со тоа се распределува опремувањето.
Јас приговарам како може да ги делите(дискриминирате) учениците зарем сите ученици не се исти и не треба под еднакви услови да учат во училиштата.
Учениците и самите ги гледаат училниците во градот и нивните во селото па со право и тие реагираат и се револтирани.
Би сакала ако сте во мозност да ме известите што точно треба да добие моето училиште и јас како наставник да знам што е тоа што треба да го добијам како наставник по три предмети.
Ве поздравувам и се надевам ќе ми одговорите во најкраток можен рок. |
Почитувани,
Ви благодариме на Вашата порака.
Со оглед на тоа што опремувањето со мебел за кабинетите по природни науки е проектна активност, а не е редовна инвестиција од страна на Министерството за образование и наука, средствата се ограничени, а распределбата е условена со конкретни проектни цели утврдени меѓу Светска Банка и МОН.
Од тие причини, не бевме во можност да извршиме набавка на мебел за сите училишта во државата во оваа фаза.
Во текот на наредниот 4 годишен период во кој ќе се спроведува овој проект, доколку има заштеди од други проектни активности повторно ќе ја разгледаме можноста за опремување на дополнителни училишта (училници). |
|
R21_11/152 |
Предлог |
Градежни активности на објекти за основно образование |
16.12.2021 |
|
Машки |
Одговорено |
27.12.2021 |
Почитувани Би ви предложил да ја разгледате неопходната потреба за акустична обработка на училниците во основните училишта. Имено огромен број на постојни училници во основните училишта при изградбатае „заборавена“ е акустичната обработка на истите поради што е многу лошо се пренесува говорот на професорите и наставниците како и учениците со многу непотребни дополнителни звукови и акустични пречки. Како одличен пример за акустична обработка на училниците е ООУ Киро Глигоров во општина Центар Се надевам дека овој предлог ќе придонесе за унапредување на целите на проектот и бенефитите од истиот Со почит |
Почитувани,
Ви благодариме на доставениот предлог.
Со оглед на тоа што реновирањето и рехабилитацијата на основните училишта е проектна активност, а не е редовна инвестиција од страна на Министерството за образование и наука, средствата се ограничени, а приоритет утврден со конкретни проектни цели утврдени меѓу Светска Банка и МОН е реновирање на тоалети и поставување на пристапни рампи.
Со почит |
|
R21_11/151 |
Предлог |
Градежни активности на објекти за основно образование |
26.11.2021 |
Sabit Uzairi |
Машки |
Одговорено |
09.12.2021 |
Од ООУ „ Реџеп Вока „ с.Шипковица Тетово, ние како училиште се уште не сме добиле ниту една информација во врска со кабинетите за природни науки.Ниту за мебел ниту за нагледни средства .Молам за помош. Со почит |
Почитувани,
Ви благодариме на укажувањето и на присуството на јавната консултација по однос на опремување на кабинети по природни науки. Сите потребни информации кои претходно беа доставени до општина Тетово, повторно Ви беа испратени по завршување на јавната консултација на 26/11/2021 год.
Со почит |
|
R21_11/150 |
Предлог |
Градежни активности на објекти за основно образование |
26.11.2021 |
ООУ,,Кочо Рацин,,Скопје Центар |
Женски |
Одговорено |
09.12.2021 |
Почитувани, Нашето основно училиште ООУ,,Кочо Рацин,,Скопје -Центар имаме добиено мебел за опремување на кабинетот за Природни науки,но бројнаста на мебелот (столчиња и клупи) не се совпаѓа со бројот на ученици во паралеките. Имено, имаме паралелки со по 31 ученик. Ни недостасуваат 7 столчиња ,3 клупи и садопер. |
Почитувани,
Опремувањето на кабинетите по природни науки е се уште во тек и се планира да заврши до крајот на 2021 год. Во оваа фаза немаме можност за дополнителни испораки. Сите дополнителни потреби на училиштата ќе бидат земени предвид при планирање на наредни активности во рамки на овој проект и во рамки на расположливиот буџет.
Со почит |
|
R21_11/149 |
Предлог |
Градежни активности на објекти за основно образование |
09.12.2021 |
Florije Qerimi |
Женски |
Одговорено |
09.12.2021 |
Во нашето училиште сакаме да градиме 2 училници за потребите на училиштето за развивање на кабинетска настава |
Почитувани,
Министерството за образование и наука ја подржува секоја иницијатива за инвестиции во подобрување на училишната инфраструктура. Бидејќи во рамките на проектот за унапредување на основното образование се планирани само помали реновирања на училиштата, Ви посочуваме дека по однос на доградба треба да контактирате со надлежната општина, а доколку општината нема можност за инвестиции, може да се обратите до одделението за капитални инвестиции во Министерството за образование и наука (контакт лице Весна Васиќ- vesna.vasik@mon.gov.mk).
Со почит
|